Ѓ. Петров од второ коло и прв шешир оди во Европска лига

Фото: ЖРК Ѓ. Петров

Екипата на Ѓорче Петров ќе ја претставува Македонија во ЕХФ Европската лига претстојната сезона. Македонскиот клуб натпреварувањето ќе го почне во второто коло, каде што во ждрепката што ќе се одржи на 14 јули, ќе биде во првиот шешир.
Можни противници на македонскиот клуб во второто коло ќе бидат следниве екипи:

Брул и Амичитија (Швајцарија), Бањик (Чешка), Молде (Норвешка), Ц. Звезда и Наиса Ниш (Србија), Бјеловар и Чаковец (Хрватска), Мецинген (Германија), АЕК (Грција), Хипо (Австрија), Скара (Шведска), Ст. Аманд и Ница (Франција), Пјотрковија (Полска), Боден (Шведска).

Првите натпревари ќе се играат на почетокот на септември (3/4). Победниците ќе се пласираат во третото коло од каде што се обезбедува пласман во Групната фаза.