Симоноски потпиша за Е. Пелистер 2

Кристијан Симоноски следната сезона ќе биде ракометар на екипата на Е. Пелистер 2. Стружанецот пред неколку години беше селектиран од Кирил Лазаров и од редовите на Голден Арт премина во екипата на Алкалоид каде што ја одигра и последнава сезона. Неколку повреди одиграа негативна улога во неговиот развој, но сега е фит, а потенцијалот и квалитетот што ги поседува не се спорни. Сезонава беше комплетиран неговиот претстој во Алкалоид и стана слободен играч заедно со Никола Маркоски и Мартин Ивановски.
Ивановски потпиша за ГРК Охрид, Маркоски сѐ уште нема официјализирано што понатаму, а Кристијан Симоноски ќе го гледаме во Еурофарм Пелистер 2 каде што ќе биде додадена вредност во тимот што допрва ќе го крои и прекројува менаџерот и прв тренер на тимот Бранислав Ангеловски.