Филип Талески потпиша за ГРК Охрид

ГРК Охрид го претстави новото, осмо засилување за следната сезона. Филип Талески се враќа во Mакедонија во редовите на охридскиот клуб со договор за 2026/2027 со можност тој договор да биде продолжен и за сезоната потоа.
Филип Талески е еден од најпознатите македонски ракометари и за него не е потребно посебно претставување. Минатата сезона ја играше во дресот на Татабања која играше во финалето на ЕХФ Куп токму против ГРК Охрид.
Филип Талески и Охрид беа во преговори и во 2025 година, но тогаш трансферот не се реализираше, а Талески потпиша за Вардар 1961 од каде што по неколку месеци замина во Татабања.
Сега е одново дојдено времето и следната сезона Филип Талески ќе го гледаме во дресот на ГРК Охрид.

"Потписот за ГРК Охрид за мене претставува нов, голем предизвик и исклучително мотивирачки проект. Клубот покажа огромна желба, сериозна визија и амбиција кои целосно се поклопуваат со моите лични и спортски цели. Среќен сум што ќе го носам дресот на Охрид, клуб кој незапирливо расте и има фантастична публика. Охрид заслужува големи ракометни успеси, а јас сум тука да го дадам својот максимум на секој натпревар за да ги оствариме зацртаните цели на клубот како во домашното првенство, така и на меѓународна сцена." - изјави Филип Талески.