Висла Плоцк откупи еден играч на ГРК Охрид

Фото: ГРК Охрид

Шпанскиот пивот Реј Моралес Ориол, кој мината сезона настапуваше за екипата на ГРК Охрид замина од Македонија и следната сезона ќе биде ракометар на полскиот вицешампион Висла Плоцк.
Реј Моралес Ориол е класичен дефанзивец и во Охрид се претстави во сосема солидно издание. Особено беше висок неговиот придонес во одбраната во клучните натпревари, посебно во финалето на ЕХФ Европскиот Куп против екипата на Татабања, на меч каде можеме да кажеме беше Х факторот што го прекрши натпреварот и му даде тек каков што му одговараше на тимот на ГРК Охрид.
Реј Моралес Ориол го привлече вниманието на Хавиер Сабате, неговиот сонародник кој ја води екипата на Висла Плоцк и оттука тргна приказната.
Ваквиот расплет подолго време беше активен низ ракометните кругови, а сега има и официјална потврда. Висла Плоцк го откупи неговиот договор и тој се пресели во Полска.

Шпанскиот пикер одново ќе го видиме во Македонија, на дуелот со Вардар 1961 во Лигата на шампионите следната сезона.