Елиминирани Германија, Шпанија и Франција

Photo: International Handball Federation/IHF

Словенија против Унгарија, Шведска против Данска се полуфиналните парови на М20 ЕХФ Еуро што се одржува летово во Романија.
Словенија предводена од голманот Матевж Млакар (16 одбрани) и тактички одигран меч достоен за златен медал ја победи (30-23) и елиминираше Шпанија. Младите „Хиспанос“ на чело со првата ѕвезда Маркос Фис беше неутрализирана, а замената за Дика Мем постигна четири гола од 11 обиди.
Унгарија, пак, ја елиминираше Германија, па и втората голема ѕвезда, Расмус Анкерман (Кил) останува без медал од М20 ЕП. Адам Балог со 11 интервенции беше уште еден голман што го одбележа 1/4 финалето.

Голманско шоу имаше и на мечот Шведска – Франција. Највисокиот играч на првенството, 211 сантиметри високиот Виго Хакансон имаше неверојатни 22 одбрани против францускиот состав во победата која ги стави на првото место на списокот на фаворити: 39-28 (21-10).

Данска се чини имаше најлесна задача и против Швајцарија запиша победа од 36-29 и закажа дуел со екипата на Шведска.