АЕК ангажираше уште еден „охриѓанец“

Грчкиот тим АЕК следната сезона одново ќе игра во Европа и станува потенцијален противник во ждрепката за екипите на Алкалоид и Охрид уште во следното извлекување.
Екипата на АЕК по големите турбуленции со доцнење на плати, одново има компетитивен состав што ќе го предводи нивната ракометна легенда Алексис Алванос.
Следната сезона во нивните редови ќе играат двајца ракометари кои играа во ГРК Охрид.
По Јапонецот Хироки Мацуока, за екипата на АЕК потпиша и хрватскиот ракометар Рудолф. Сафранко.