Бизарна несреќа на исландски ракометар

Photo: TTH Holstebro

Исландскиот ракометар Бенедикт Оскарсон летово замина од норвешкиот Колстад, но не ги почна подготовките со својот нов клуб, Холстебро од Данска.
Исланѓанецот имал сериозна несреќа за време на одморот. Тој бил погоден со голф топче во главата при што целосно ја загубил силата во десната рака. Веднаш бил хоспитализиран и минал четири дена во болница, информираа од данскиот клуб со соопштение.
Сега се рехабилитира на Исланд во професионално медицинско опкружување и извештаите велат дека ситуацијата со раката полека се подобрува, но нема прогнози кога и дали ќе може да му се приклучи на тимот.