Фото: РК Вардар 1961
Од денеска сите екипи од големата четворка на македонскиот клупски ракомет се во тренажен процес. Последни во сала влегоа ракометарите на актуелниот првак, РК Вардар 1961.
Вардар 1961 следната сезона ќе има изменет состав, заменети се неколку ракометари и доведени се нови кои би требало да го направат тимот посилен од минатогодишниот. Црвено-црните денеска ги официјализираа стартот на подготовките:
Ракометарите на Вардар го имаа првиот официјален собир и го одработија првиот тренинг, со што означија старт на подготовките за новата сезона во која клубот влегува со големи амбиции.
По освојувањето на двојната круна во Македонија, пред „црвено-црните“ е нов предизвик - одбрана на трофеите на домашната сцена, но и успешен настап во Лигата на шампионите и во Регионалната лига.
Во тимот пристигнаа неколку нови имиња кои треба да донесат дополнителен квалитет и ширина во играта. Нови ракометари на Вардар се десниот бек Мохаб Абделхак, голманот Милан Бомаштар, левиот бек Леон Љевар и средниот бек Матео Фадуил. На подготовките се приклучуваат и кадетските репрезентативци Бобан Поповски и Марко Ѓорчески, како и средниот бек Никола Начовски од младинскиот состав.
Вардарци првиот дел од подготовките ќе го реализираат на домашно тло во Скопје, а планиран е и престој во Маврово, каде екипата ќе работи на физичката подготовка и тимското воигрување. Пред стартот на официјалните натпревари во Регионалната лига, Вардар ќе настапи и на турнирите во Струга и Охрид