Почна ерата на Стоилов во Бутел Скопје

Соработката меѓу Бутел Скопје и Стојанче Стоилов како прв тренер на тимот означува почеток на нова ера во скопскиот клуб и со нетрпение очекуваме да видиме како ќе изгледа тимот под водство на Стоилов, двократниот освојувач на ЛШ.
Неговите тренерски амбиции беа јасно изразени досега. Имаше шанса и во претходниот клуб и во репрезентацијата да почувствува како изгледа целата работа и од другата страна и да се запознае со четивото. Самостојно работење и носење на главните одлуки сепак е поинаков предизвик. Се одлучи за тим во кој ќе развива македонски ракометари и за тој потег заслужува да добие и поддршка и потребното трпение за да ги спроведе идеите и да го води процесот. Тоа не е резултатски спринт, туку маратон што ја црпи целата енергија и ќе биде потребно време за системот да биде изграден пред да почне да дава какви било резултати.
Бутел Скопје изгледа како добра почетна точка, а основата за создавање на квалитетна игра е скриена во подготовките. Возот тргна, сега е редот да се избере вистинската траса по која ќе вози.

Тимот на Бутел Скопје ги започна подготовките за претстојната сезона под водство на новиот стратег Стојанче Стоилов.
Стоилов го имаше првиот тренинг со нашите ракометари, а екипата допрва треба да се комплетира и да го добие финалниот изглед.
Бутел Скопје ќе биде дел од турнирите во Струга (12-15 август) и Прилеп (20-23 август) и ќе има квалитетни проверки за новата сезона, во која стартува на домашен терен против Младост Богданци на 5/6 септември.
Ова лето се засиливме со голманите Богдановски и Чаневски, левите крила Аврамовски и Симоновски, како и бековите Ѓорѓески, Аксентиев и Стаменковиќ.
Нови договори беа потпишани со Каевски, Јаневски, Зенговски, Спасовски, Михајловиќ, Тодески...