КАДЕ ДА ГЛЕДАТЕ: МАКЕДОНИЈА - СЛОВЕНИЈА (М18 ЕХФ ЕУРО)

Македонските кадети утре ќе го почнат својот настап на М18 ЕХФ Еуро што ќе се одржува во Белград, Србија. Ова кадетско ЕП е многу важно за македонскиот тим затоа што е квалификациско за М19 СП 2027 и за М20 ЕХФ ЕУРО 2028. 

Македонија во првото коло ќе игра против Словенија. Натпреварот ќе се игра на 29.7 (среда) со почеток од 12:00 часот. 
ТВ пренос од овој натпревар ќе има на каналот ТВ Арена М2 Премиум со коментар на македонски јазик.

Македонија е во групата со репрезентациите на Словенија, Франција и Шведска. Две репрезентации ќе продолжат во Главната рунда и тие ќе имаат и обезбеден пласман на СП 2027. 
Две послабопласирани репрезентации ќе влзеат во комплицираниот систем на разигрување за пласман. Репрезентациите што ќе завршат од 21-24 место на ова ЕП ќе испаднат од најсилната конкуренција и по две години место на ЕХФ ЕП, ќе играат во ЕХФ Шампионатите.