Чантурија во тренерскиот тим на Е. Пелистер 2

Грузискиот Македонец, Реваз Чантурија одново ќе биде дел од македонската ракометна сцена. Битолскиот клуб Еурофарм Пелистер 2 објави дека Чантурија е приклучен во нивниот тренерски тим кој оваа сезона ќе го предводи Бранко Ангеловски.
Реваз Чантурија во Македонија пристигна во 2004 како дел од екипата на Шевардени која играше европски меч со Металург. По натпреварот остана во Скопје и стана дел од Металург каде ги мина следните шест години. Карактерот и професионализмот го направија посакуван играч за повеќе екипи, па по разделбата со клубот од Автокоманда во 2010 година продолжи во Вардар, играше во два наврата и во Пелистер, играше и во Зомимак Струмица, Прилеп, Струга.
На крајот на кариерата замина во Цвикау Германија и сега одново 22 години по првото пристигнување во Македонија повторно ќе биде дел од македонски клуб.