МАКЕДОНИЈА - СЛОВЕНИЈА 30-33 (18-12)
Николовски 1, Фехми, Костов 6, Вујичевски 6, Поповски 4, Николоски 4, С. Ѓоргиевски 4, Симоновски 2, Јовиќ 1, Трсунов 1, Лешниковски, Симоновски, Дамчевски 1, Ѓорчески, Угреновиќ
Кадетската репрезентација на Македонија е поразена во првото коло на М18 ЕП од врсниците од Словенија на натпревар по кој македонските ракометари уште долго ќе жалат за пропуштената шанса.
Имаше Македонија игра, доминација, резултатска предност која се движеше од шест до седум гола. Лоши 15 минути го помножија со нула целиот труд и против поголемите фаворити како Франција (утре) ќе стартуваме со нула бодови.
Македонија почна добро, поведе 2-0 потоа беше 4-2 и 7-5. Овие два резултати ги потенцираме затоа што тогаш имавме по неколку шанси да го зголемиме водството, но промашија нашите ракометари шутеви од доста чисти позиции.
Но, одбраната беше добра, а голманот Ѓорѓи Николовски блескаше на голот и ги откажа словенечките напаѓачи.
Потоа во еден момент кликна сѐ како што треба во македонскиот тим, влеговме во одличен период и водството стана 15-8. Со мали подеми и падови овој резултат беше актуелен и на полувреме (18-12).
Во второто полувреме, како да истрчаа сосема нови репрезентации на теренот. Словенија полетна, подвижна, Македонија безидејна и летаргична. Ниту одбраната, ниту нападот не беа ни пола од тоа што беа во вториот дел, па по само 15 минути игра, Словенија не само што ја анулираше предноста туку и премина во водство (26-24).
Овде некаде одново беше воспоставен баланс па продолжи игра гол за гол. При резултат 29-29 на нешто помалку од три минути до крајот Македонија имаше напад, но ударот заврши во пречката по што избега можноста да се освојат бодови на овој меч. Следните два гола завршија во мрежата на Фехми, кој беше заслужниот што Македонија го доби споменатиот напад за водство.
Словенија поведе 31-29, потоа и 32-30 и ги запиша првите бодови.