М18 ЕХФ ЕУРО: На сцена е новиот Кречмар, Фис, Скипаготу...

Photo: HSI/Andrei Antal

На неодамна завршеното М20 ЕХФ Еуро имавме прва можност да видиме на дело неколку ракометари кои се синови на поранешни ракометни асови. На тој список се најдоа синовите на Герг Фазекаш, Никола Еклемовиќ, Владан Матиќ, Хулио Фис, Горан Шпрем, потоа внукот на Тјери Омејер итн.
Тековното М18 ЕХФ Еуро не е многу поразлично. На сцената во Белград се неколку ракометари кои имаат поинакво ракометно педигре и нивните настапи се гледаат низ друга лупа поради нивните презимиња.

На ова Европско првенство во дресот на Шпанија ќе го гледаме Хулио Фис. Тој е помладиот брат на веќе препознатливиот Маркос Фис. Двајцата се синови на познатиот кубански ракометар Хулио Фис. Најмладиот Фис дебитираше за Шпанија на мечот со Австрија без остварување во победата од 25-23.

Второ име што ја интригира ракометната јавност е Елвис Ернесто Кречмар. Тој е син на еден од најпознатите германски ракометари на сите времиња – Штефан Кречмар. Помладиот Кречмар имаше остварување 4/4 во победата на Германија од 48-26 над Италија (4/4).

Најдобро се покажа 16 годишниот ракометар на Фарски острови, Боас Елефсен а Скипаготу. Тој е помладиот брат на Елијас Елефсен а Скипаготу бекот на германскиот гигант Кил. Боас Скипаготу постигна 13 гола во победата на Фарски острови (38-31) над екипата на Финска.

На овој список ја има и Македонија. Лука Јовиќ е син на поранешниот македонски репрезентативец Александар Јовиќ, а Горазд Дамчевски е син на ракометарката Јулијана Дамчевска која имаше и селекторска улога во помладите женски репрезентации на Македонија.