-
30.7.2026
-
Македонски ракомет
ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 36-25 (20-13)
Македонија: Поповски 6, Јовиќ 5, Дамчевски 4...
Македонската кадетска репрезентација го запиша вториот пораз на М18 ЕХФ Еуро и практично ги загуби шансите на ова ЕП да се бори за повисок пласман во Главната рунда.
Подобри од македонските ракометари беа репрезентативците на Франција кои веќе имаат две победи и загарантирано место меѓу првите 12 репрезентации.
За разлика од вчерашниот дуел со Словенија кога испуштија водство од седум гола разлика, денеска нема што да им се замери на македонските играчи. Имаа против себе подобар противник. Франција има одлично селектирана екипа.
Селекторот Франк Пруф има во својт тим тројца играчи што се високи 204, 205 и 206 сантиметри, дури осум други играчи повисоки од 195 сантиметри, додека другиот дел од екипата е побрз прилагодлив и добро технички подготовен.
Тоа му дава можност да испробува многу комбинации и напаѓачки и дефанзивни, сѐ додека не ја најде победничката.
На мечот со Македонија му беа потребни петнаесетина минути. Нашиот тим беше рамноправен резултатски во воведниот дел, сѐ до резултат 9-9. Францускиот селектор за тоа време ги изротира речиси сите ракометари, а победничката формула му ја донесоа ракометарот со потекло од Гвајана, Келиџи Буен-Носи и играчот на Монпеље, Ное Калбри. Тие постигнаа осум гола во вториот дел од првото полувреме имаа голема поддршка од голманот и Франција од резултат 9-9, до крајот на полувремето стигна до 20-13.
Селекторот на Македонија, Горан Кузмановски, нема толку играчки опции колку францускиот селектор, борбеноста не беше доволна за резултатски приклучок и набрзо по почетокот на вториот дел резултатот стана двоцифрен (23-13).
Македонскиот тим во продолжението играше доволно добро за оваа разлика да не стане преголема. На моменти ќе успеевме да намалиме на минус осум, максималната негатива беше 22-34, за конечно натпреварот да заврши со резултат 36-25.
Следува ден одмор а потоа нов меч за македонскиот тим, со Шведска. Со тоа ќе заврши Прлеиминарната фаза, а потоа ќе бараме многу подобра игра и победи против репрезентации што се поблиску до квалитет со нашиот тим во моментов.
Поранешниот ракометар на Металург, српското репрезентативно крило Вања Илиќ по седум години се раздели со екипата на Шарт и кариерата ќе ја продолжи покрај аѕурниот брег, во екипата на Екс Прованс.
Литванската екипа Клаипеда Драгунас која минатата сезона играше во ЕХФ Куп и беше елиминирана од Алкалоид, за претстојната сезона во своите редови го донесе легендарниот литвански ракометар Ајденас Малашинскас.
Некогашниот хрватски репрезнтативец Иван Слишковиќ го напушти тимот на Олимпијакос и ја заврши играчката кариера. Не заминува комплетно од ракометниот терен, неговата следна авантура е тренерска и ќе биде асистент на Саша Баришиќ Јаман во екипата на Нексе.
Заврши летниот одмор и за екипата на Мулти Есенс. Младиот тим од Автокоманда, составен претежно од младински и кадетски репрезентативци на Македонија следната сезона ќе игра во Суперлигата, откако минатата сезона доминантно го освои првото место во Првата лига.
Екипата на Мулти Есен со тренинзи почна денеска, а во новата сезона влегува со нов стручен тим.
Познат македонски тренер, Никола Матлиески, ќе ја има улогата на прв тренер на екипата, а досегашниот ракометар на РК Алкалоид, Никола Маркоски ќе биде неговиот асистент. Уште едно познато име доаѓа во Автокоманда. Во улога на тренер на голманите на РК Мулти Есенс е ангажиран поранешниот македонски репрезентативец Златко Даскалоски.