Шведска е шансата на македонските кадети на ЕП

По две одиграни кола на М18 ЕП, познато е дека репрезентациите на Македонија и на Шведска од групата „А“ се екипите што ќе играат во Интермедија групата од каде што почнува вкрстувањето за опстанок односно на ЕП М20 што ќе се игра по две години.
Неочекувано, Шведска загуби и тоа со 10 гола разлика од Словенија во второто коло и си исцрта мета на својот грб во која прва ќе стрела репрезентацијата на Македонија.
Дополнително, познато е и дека од групата „Б“ со која ќе вкрстат Македонија и Шведска во Интермедија, ќе играат репрезентациите на Италија и Турција, две сеелкции кои според прикажаното се од редот на послабите на ова ЕП.
Понатаму системот по кој се игра М18 ЕП е комплициран за објаснување, но накратко, ако Македонија ги добие следните три натпревари, а тоа се дуелите со Шведска, Турција и Италија ќе игра за пласман од 9-16 место.
Затоа утрешниот меч за Македонија е првиот од трите средби на кои нема право на грешка. Противникот доаѓа од звучна ракометна земја, но веќе покажаа слабости поради кои веруваме дека имаме шанса за победа.
Натпреварот меѓу Македонија и Шведска ќе се игра утре со почеток од 12:00 часот.