Трансфери: Малашинскас, Илиќ, Слишковиќ...

Photo: Lithuanian Handball Federation

Поранешниот ракометар на Металург, српското репрезентативно крило Вања Илиќ по седум години се раздели со екипата на Шарт и кариерата ќе ја продолжи покрај аѕурниот брег, во екипата на Екс Прованс.

Литванската екипа Клаипеда Драгунас која минатата сезона играше во ЕХФ Куп и беше елиминирана од Алкалоид, за претстојната сезона во своите редови го донесе легендарниот литвански ракометар Ајденас Малашинскас.

Некогашниот хрватски репрезнтативец Иван Слишковиќ го напушти тимот на Олимпијакос и ја заврши играчката кариера. Не заминува комплетно од ракометниот терен, неговата следна авантура е тренерска и ќе биде асистент на Саша Баришиќ Јаман во екипата на Нексе.

Австриецот Клеменс Мостл, полубрат на еден од најпознатите австриски ракометари во моментов, голманот Константин Мостл, имаше кошмарно деби за својот нов клуб. Клеменс Мостл беше ангажиран од екипата на Фуксе Берлин и веднаш предаден на калење во нивниот условно кажано втор тим – Потсдам. На првиот контролен меч, Мостл ги скина лигаментите на коленото.