Флензбург потпиша со Мартим и Кико Кошта!

Photo: IHF

Германскиот клуб Флензбург, информираше дека браќата Мартим и Кико Кошта и официјално се нивни играчи од сезоната 2027/28. 
Неодамна беше објавено дека е постигнат договор со десниот бек Кико Кошта, а сега дека трансферот е комплетиран и со потписот на постариот брат. 

Флензбург потенцираше дека од почит кон целиот спортски колектив Спортинг, нема да објавува фотографии и видеа од браќата Кошта сѐ додека тие не пристигнат во нивниот табор.