ТВ ПРЕНОС: МАКЕДОНИЈА - ИТАЛИЈА (М18 ЕХФ ЕУРО)

Македонија М18 денеска ќе игра прв меч од Интермедија групата, а противник на нашиот состав ќе биде репрезентацијата на Италија. Македонија и натаму има шанса да се пласира во разигрувањето до 16 место, но истовремено се бори за опстанок затоа што секој меч е одење по жица, а „кикс“ може да значи и испаѓање од ЕП. 

Натпреварот со Италија ќе се игра денеска со почеток од 14:30 часот, а директно ќе биде пренесувана на ТВ Арена М2 Премиум.