-
03.8.2026
-
Македонски ракомет
МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА 33-23 (17-13)
Поповски 9, С. Ѓоргиески 6, С. Ѓоргиески 6, Вујичевски 5
Прв пат на Европското првенство М18, македонските ракометари го почувствуваа вкусот на победата. На четвртиот натпревар, прв во Интермедија групата, репрезентатиците на Македонија ја совладаа селекцијата на Италија.
Со оваа победа остана Македонија во игра за пласман што ќе гарантира настап на ЕП и по две години.
Македонија до првите бодови стигна со одличен втор дел. Првото полувреме беше прболематично. Македонија поведе 3-0 имаше и напад, но до 25 минута од натпреварот повтори многу пропусти што ги видовме и во првите три натпревари. Среќа што овојпат противникот беше послаб и не ги искористи своите шанси.
Македонија водеше, Италија бркаше. Максималната предност во првиот дел беше 13-9, но следеше период на грешки и Италија израмни на 13-13. Но, тука запреа и тие, следеше серија на нашиот тим и на полувреме Македонија имаше плус четири (17-13).
Вториот дел беше тоа што сакаме да го гледаме од Македонија. Веднаш предноста беше зголемена на пет, потоа шест, седум и со комплетна контрола врз играта и настаните на теренот, Македонија на крајот славеше победа од 10 гола разлика.
Ѓорѓи Николовски, младиот голман на Алкалоид одигра важна улога на овој натпревар. Најдобар стрелец пак беше Бобан Поповски со девет гола. По шест постигнаа двајцата ракометари што имаат исто име и презиме – Стефан Ѓоргиески, а пет гола додаде пикерот Вујичевски.
Утре на пладне, со почеток од 12:00 часот, Македонија ќе игра со најслабиот тим во групата, а тоа е репрезентацијата на Турција и ја очекуваме и втората победа.