Најдобрите трансфери се за следното лето

Летниот одмор за клубовите веќе е завршен, низ Европа топката одново се тркала по салите, а тимските ростери повеќе-помалку се затворени. Трансфер период го загуби интензитетот и ако резимирам имавме интересно лето во кое главните ѕвезди беа Емил Нилсен и Алекс Душебаев кои по повеќе години минати во Барса и Келце направија големи трансфери.
Но, подвлечено, главните трансфери што се договорија ова лето, не се однесуваат за претстојната, туку за следната сезона, 2027/28. Такво нешто во други популарни спортови е со правила забрането, но во ракометот стана карактеристика.

Издвоиме дел од трансферите што ќе го одбележат следното лето:

Дика Мем – Барса – Фуксе Берлин
Мартим Кошта – Спортинг – Флензбург
Кико Кошта – Спортинг – Флензбург
Симон Питлик – Флензбург – Берлин
Рејнарс Усчинс – Хановер – ПСЖ
Маркос Фис – Гранољерс – Барса
Јустус Фишер – Хановер – Кил
Никлас Киркелоке – Флензбург – Фредериција
Виго Кристијансон – Ерланген – Флензбург