Сисак го претстави Марко Мишевски

Повремениот репрезентативец на Македонија, Марко Мишевски (27), во следната сезона ќе настапува за хрватската екипа РК Сисак. Марко Мишевски минатата сезона ја играше во екипите на Пролет и израелскиот клуб Макаби Ришон Лезион, а претходниот дел од неговата кариера главно е врзан за играњето во екипата на Вардар со која во 2019 беше и европски првак.
Мишевски веќе има меѓународно искуство, играше во Франција за екипите на Гренобл и Курњон Д’Аверњ.