Борис Живковиќ, десниот бек на Австрија, на возраст од 34 години реши да направи промена во кариерата. Поранешниот бек на повеќе екипи меѓу кои Фелнзбург и Мешков Брест потпиша за второлигашка екипа од Швајцарија, а професионалниот ракомет ќе го замени со работа во неговата струка, во индустријата со пластика.
Грчкиот тим АЕК, повратник во ЕХФ Европскиот Куп и можен противник на Алкалоид и Охрид уште во второто коло, односно следната ждрепка, речиси комплетно го реновираше ланскиот тим. Нивни нов играч е алжирскиот репрезентативен пивот Абделџалил Заманди, висок 198 сантиметри и тежок 115 кг.
Поранешниот ракометар на Е. Пелистер, Себастијан Хенеберг ја заврши професионалната кариера на возраст од 33 години потврди Скандерборг, неговиот последен клуб со кого имаше активен договор и за претстојната сезона. Бројните повреди меѓу кои и неколку пати скинати лигаменти одиграа можеби клучна улога за да донесе ваква конечна одлука.
Ориол Сан Фелипе (20) е последното делче во играчката сложувална на Барса за следната сезона. Се работи за лев бек од нивниот развоен тим (Барса Атлетик) кој беше две сезони најдобар ракометар во екипата, играше добро и на М20 ЕП и сега доби промоција. Сан Фелипе (195 см) игра во два правца, претежно е дефанзивец, но има и добро изработен шут и сега ќе почне неговата вистинска интеграција во системот на игра на првиот тим.