ГРК Тиквеш двапати домаќини во ЕХФ Куп

Екипата на ГРК Тиквеш ги удвои своите шанси да помине најмалку едно коло во ЕХФ Европскиот Куп, откако нивниот противник, екипата на Еш од Луксембург прифати двата натпревари да ги игра во Македонија.
Дуелите меѓу ГРК Тиквеш и Еш ќе се играат на 19 и на 20 септември со почеток од 18:00 часот.

Домашниот терен не е 100 настотна гаранција, но нуди голема предност за македонскиот клуб во овој двомеч.
Победникот ќе им се приклучи на екипите што од вториот шешир ја очекуваат својата прва ждрепка во Купот, закажана за 22 септември. Таму веќе е екипата на Бутел Скопје, додека екипите на Алкалоид и Охрид се во првиот шешир.