Алкалоид се чекираше во Маврово

По неколкудневни подготовки во Скопје, екипата на Алкалоид им избега на горештините и се пресели во нивната летна база, во Маврово. 
Кирил Лазаров на располагање го има комплетниот тим со исклучок на голманот Ѓорѓи Николовски кој во моментов е дел од македонската кадетска репрезентација кој настапува на М18 ЕХФ Еуро во Белград. 



Сезоната за Алкалоид почнува на 26 август со дуел со Партизан во Автокоманда во рамки на новата Регионална лига, четири дена пред тој меч ќе го дознае противникот во второто коло на ЕХФ Европскиот Куп.