ТВ ПРЕНОС: Македонија - Ф. Острови (М18 ЕХФ ЕУРО)

Македонската М18 репрезентација денеска на кадетското ЕП ќе игра меч со Фарски острови. Ова е натпревар од првото вкрстување за пласман од 9-16 место. 
Ако Македонија победи ќе игра за пласман од 9-12 место и ќе има обезбедено учество на следното СП (У19). Ако не успее да победи, тогаш ќе игра за пласман од 13-16 место и ќе има уште две шанси да обезбеди учество на мундијалот. 

Натпреварот меѓу Македонија и Фарски острови ќе почне во 12:00 часот и ќе биде директно пренесуван на ТВ Арена М2 Премиум.