-
06.8.2026
-
Македонски ракомет
МАКЕДОНИЈА – Ф. ОСТРОВИ 34-32 (18-13)
Репрезентацијата на Македонија по тешка борба го совлада тимот на Фарски острови и успеа да обезбеди пласман на следното СП (У19).
Во натамошната фаза, Македонија ќе игра за пласман од 9-12 место и тоа ќе биде пласман што ќе ги задоволи резултатски цели на нашиот тим.
Македонија добро го отвори и одигра првото полувреме од натпреварот. Предводени од двоецот Стефан Ѓоргиески – Стефан Ѓоргиески во нападот, погодувавме во секоја од воведните акции, но одличната игра во одбраната беше клучната за Македонија да стигне до поосетна предност во првиот дел.
Неутрализиран беше Скипаготу, ракометарите на Фарски острови грешеа повеќе и промашуваа повеќе, а патем и во раната фаза Халгримсон доби црвен картон, па сѐ одеше во полза на тимот на Горан Кузманоски.
Македонија водеше 5-2, 10-6, на полувреме беше 18-13.
Во вториот дел Македонија во 39 минута водеше со максимална разлика (24-17), но тогаш почна необјаснив пад во играта. Работите тргнаа наопаку со црвениот картон на Петар Николоски. Се редеа промашувања и технички грешки една по една и Фарски острови направија серија од 7-0 и израмнија на 24-24.
Македонија се најде во слободен пад, тајм аутот на Кузманоски не даде резултат, но се фокусираа во вистински момент нашите играчи и следните три гола беа за нас и имаше ново водство од 27-24.
Потоа се играше гол за гол. Македнија доби уште еден црвен картон, на трибини замина најдобриот стрелец Стефан Ѓоргиески, но нашиот тим и натаму имаше резултатска предност.
Два до три гола беше предноста на македонскиот тим, но драматично беше до крајот. Противникот последната шанса ја пропушти на минута до крајот кога се обиде да постигне гол на празна мрежа, но нашиот голман Ѓорѓи Николовски стигна навреме да спречи погодок. Потоа го издржавме и пресингот и Македонија стигна до заслужената победа.