ТВ ПРЕНОС: Македонија - Португалија (М18 ЕХФ ЕУРО)

По шест одиграни натпревари на ЕП, се ближи крајот на настапот на македонските кадети на М18 ЕХФ Еуро што се одржува во Белград. 
Откако ги остварија крупните резултатски цели, македонските ракометари денеска ќе играат против Португалија. Ако победат, тогаш во (по)следниот натпревар ќе играат за пласман на 9 место, ако не - ќе играат за пласман на 11 место. 

Натпреварот меѓу Македонија и Португалија се игра со почеток од 12:00 часот и ќе биде директно пренесуван на ТВ Арена М2 Премиум.