-
07.8.2026
-
Македонски ракомет
Екипата на Алкалоид ги почна подготовките за новата сезона со комплетен ростер во кој најбитно во моментов сите ракометари стартуваат со полн интензитет, за разлика од минатата сезона кога на почетокот на подготовките имаа и рековалесценти кои работеа со посебна програма.
Еден од нив беше Никола Костески кој имаше одлична пермиера во клубот, но имаше и пех со повреда и долга пауза.
Сега е фит, со полн интензитет работи од првиот тренинг и претстојната сезона треба да биде голема потпора за екипата.
„Најбитно е што се вратив по долга пауза, тоа беше сериозна повреда. Но, мило ми е што сега сум од почеток на подготовките здрав и спремен за тренинзи. Тоа е најбитното, сите да сме здрави и да сме комплетни.
Во текот на летниот период имавме програма, предподготвителен период за да можеме да стартуваме со ритамот во подготовките. Работиме во убава атмосфера. Во прв план сега ни е кондицискиот дел и подготовката на тактиката. Задоволни сме сите, имаме добар ростер...
Се знаеме добро со Борозан и Цехте, Сухолежник ни е нов, но добро се вклопува. Долго сме во овој проект и знеме како функционира. Професионалци се сите, си ги знаат задачите.
Овде имаме добри услови, температурата е одлична за работа, тренерот ги постави целите за овој дел од подготовките и сите си ја работиме нашата работа“, изјави Никола Костески.