Алкалоид подобар од Прилеп на првата контрола


Екипите на Алкалоид и Прилеп денеска го одиграа својот прв натпревар во подготвителниот период. Мечот се одигра во Маврово, каде што екипата на Алкалоид е на подготовки, а прилепчани исто како и минатата година се нивните први спаринг партнери.

Натпреварот не се играше во стандарните две полувремиња. За да одговори повеќе на потребите на тренерите, се играше во три третини по 25 минути.
Конечниот победник е екипата на Алкалоид, а резултатот е 44-28 (30-19, 14-9).