Хориха дебитираше за ПИК Сегед

Димитро Хориха, довчерашниот ракометар на Вардар 1961, дебитираше за екипата на Пик Сегед на дуел со тимот на Нант. Мечот се играше во Сегед Арена, а победија Французите (35-34). Димитро Хориха дебитираше заедно со уште четири други ракометари (Никола Портнер, Лукас Сандел, Петер Лукач и Криштоф Чорго) и постигна пет гола на својата премиера.
Димитро Хориха доби македонски пасош годинава и наскоро го очекуваме и неговото деби во дресот на македонската репрезентација.
Екипата на Нант, исто така ќе ја гледаме во Скопје, на дуел со Вардар 1961 во Лигата на шампионите. Во нивните редови се истакна новото засилување, Димитри Турченко кој постигна седум гола.