Кадетите на прием во РФМ

Машката кадетска репрезентација пречекана во РФМ по успешниот настап на EHF EURO 2026

По успешниот настап на EHF EURO 2026 и освоеното 9. место, машката кадетска репрезентација на Македонија беше пречекана во просториите на Ракометната федерација на Македонија.

Претседателот на РФМ, г.Александар Стефанов, им честиташе на ракометарите и стручниот штаб за постигнатиот резултат, борбеноста и залагањето во текот на целиот шампионат, посакувајќи им многу успех во понатамошниот развој и во следните репрезентативни предизвици.

Оваа генерација го заврши Европското првенство на 9. место, а воедно обезбеди и пласман на Светското првенство за кадети во 2027 година.