Втора победа на Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер ја запиша и втората победа во подготвителниот период што го одработува во Словенија.
Откако славеше убедлива победа над репрезентацијата на Катар, екипата на Еурофарм Пелистер го совлада и тимот на Крка, минимално 34-33.
Натпреварите во оваа фаза служат за запознавање на екипата, составите се во принцип „шарени“ шанса треба да добијат сите. Но, веќе од следната недела на ред доаѓаат посериозните натпревари, а првиот за битолчани е дуелот со Партизан (23 август) во рамките на Регионалната лига.
Новиот дуел на Лино Червар и Раул Гонзалез сигурно ќе привлече внимание во најракометниот град и се очекуваат прв пат полни трибини во новата ракометна сезона.