Photo: Chênois Genève Handball
Хрватскиот пивот Томислав Квастек кој настапуваше за екипата на Прилеп, следната сезона ќе игра во швајцарската Втора лига во екипата на Шеноа Женева.
Со одлука донесена на состанок на ракометното Собрание, Ракометниот сојуз на Србија го смени името и отсега ќе се вика Српски ракометен сојуз.
ИХФ одреди осум судиски парови што ќе ја делат правдата на Светското клупско првенство што во септември ќе се одржи во Египет. Нема македонски судии. Номиниран е и еден женски судиски пар, Германките Тања Катлер и Мајке Мерц.
ИХФ довербата им ја даде на Хорачек-Новотни (Чешка), Хансен – Мадсен (Данска), Ел Белтажи – Емам (Египет), Гарсија – Марин (Шпанија), Гасми – Гасми (Франција), Катлер – Мерц (Германија), Павичевиќ – Ражњатовиќ (Ц. Гора) и Лемес и Соса (Уругвај).
Тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт, беше награден со официјално државно одликување „Орден за заслуги“ од покраината Саксонија – Анхалт.
Азискиот шампион, кувајтскиот клуб Бурган (Косуке Јасухира), потпиша едносезонски договор со кубанскиот десен бек Анхел Хернандез.