Хрватите фатија ритам пред доаѓањето во Македонија

Photo: RK Nexe

Хрватскиот вицепрвак Нексе ќе гостува во Македонија следната недела, ќе учествуваат на турнирот во Охрид (18-22 август) во група со Вардар 1961, Олимпијакос и Тримо Требње. Нивниот прв натпревар, пак, ќе биде ден порано (17 август) во скопска Автокоманда каде што ќе се сретнат со екипата на Алкалоид.

Нексе во Македонија ќе дојде во добар ритам, затоа што веќе има фатено „пат под нозе“ и учествуваше на турнир во Плоцк, Полска.
Хрватскиот тим таму беше подобар од екипата на Бешикташ (33-32) на натпревар на кој битолското засилување за турскиот тим, Богдан Радивојевиќ постгина девет гола.
Во мечот за првото место се сретна со уште еден тим што наскоро ќе го видиме во Скопје, на меч од ЛШ - Висла Плоцк. Полска екипа беше доминантна на овој натпревар и запиша победа од 37-23 (18-12).