Дизингер има нов клуб

Фото: Казма

Поранешниот ракометар на Вардар и репрезентативец на Германија, Кристијан Дизингер, кариерата ќе ја продолжи надвор од Европа. Тој замина од екипата на Ѓер каде што играше минатата сезона и во наредната ќе игра во екипата на Казма од Кувајт.
Кристијан Дизингер во Вардар играше од 2018 до 2021 година и стана европски првак во 2019. Претходно настапуваше за екипите на Кадетен, Атлетико Мадрид, Либек и Кил, а по заминувањето од Вардар играше за екипите на Динамо Букурешт, Ал Духаил, Плер, Татабања и Ѓер.