Кузманоски ја почна мисијата на Кипар

Впечатоците од М18 ЕХФ Еуро уште не се сумирани, но за селекторот на македонската репрезентација Горан Кузманоски, нема одмор. Веднаш по завршувањето на ЕП на кое Македонија оствари добар пласман и е во Топ 10, Кузманоски ја почна новата авантура.

Патот го носи надвор од Македонија и ќе биде тренер на Кипар. Неговата нова екипа е Строволу, повратник во најсилната конкуренција на Кипар. Кузманоски го „одработе“ своето прво интервју за новиот клуб во кое како главна цел на клубот постави враќање на екипата на Топ позициите.