Вести: ЕХФ ја потврди казната на Хрватска, двајца екс вардарци ќе делат минутажа...

Апелациониот суд на ЕХФ делумно ја измени одлуката на Ракометниот суд на ЕХФ во случајот во врска со Хрватската ракометна федерација и играчот Матеј Мандиќ.
За време на церемонијата на доделување на медалите на машкото ЕХФ ЕУРО 2026, Мандиќ истакнал знаме кое не било вклучено во Протоколот за знамиња на ЕХФ и затоа не било дозволено согласно важечките регулативи на ЕХФ и процедурите за церемонијата на доделување на медалите.
Апелациониот суд на ЕХФ ја одбил жалбата поднесена од Хрватската ракометна федерација и ја потврдил паричната казна од 10.000 евра изречена на федерацијата, од кои 2.500 евра се условно одложени за период од две години.

Поранешниот ракометар на Вардар, бразилскиот лев бек Леонардо Дутра ќе игра заедно со уште еден поранешен вардаров ракометар, Кристијан Дизингер. Двајцата се преселија во Кувајт каде што ќе ги бранат боите на екипата на Казма.

Поранешниот пивот на ГРК Охрид, Живан Пешиќ е претставен како ново засилување за екипата на Лозница од Србија. Таму претходно потпишаа и Јанко Гемаљевиќ кој настапуваше за ГРК Тиквеш и Младен Крсманчиќ кој играше за Вардар 1961 и ГРК Охрид.

Турскиот бек Ерај Каракоч кој е поранешен ракометар на Охрид и црногорскиот бек Вук Лакичевиќ ќе играат заедно во косовската екипа Кастриоти.

По вторпат за само осум месеци, Француската ракометна федерација (FFHB) беше цел на сајбер-напад. Федерацијата приметила неовластен пристап до платформата што ја користат клубовите, лигите и комисиите во рамките на федерацијата. FFHB веднаш го прекинала пристапот до платформата за да го обезбеди системот и да го истражи инцидентот.