Алкалоид подобар од Египет на втората контрола

Екипата на Алкалоид по премиерната победа над Прилеп, го одигра и вториот контролен натпревар на кој противник им беше репрезентацијата на Египет. Натпреварот беше од затворен карактер, а победи екипата на Алкалоид (33-31).
Репрезентацијата на Египет е во Македонија со својот медитерански тим и ќе одиграат уште еден контролен меч со екипата на Алкалоид, исто така од затворен карактер.
Првиот официјален натпревар на скопските сино-бели ќе биде на 26 август во Автокоманда во рамките на Регионалната лига. Противник на премиерниот меч ќе биде екипата на белградски Партизан. Црно-белите по долга пауза ќе го вратат српскиот клупски ракомет во Лигата на шампионите сезонава и составија доста силен состав во кој има неколку звучни имиња како Кулеш, Вагнер, Абутовиќ, Кос, а ќе ги предводи Раул Гонзалез. Пред да дојдат во Скопје, ќе ја имаат премиерата во Битола на 23 август кога ќе се сретнат со екипата на Еурофарм Пелистер.