Photo: Međunarodni Rukometni TV Turnir Šampiona Doboj
Фуксе Берлин го совлада ПСЖ (31-28), а Барса беше подобра од организаторот на турнирот Нордхорн (44-41), па финалето на ХСГ Премиум Куп стана реприза на финалето на Лигата на шампионите од минатата сезона. Тој меч се игра вечерва.
Во финалето на 57 издание на ТВ Турнирот во Добој, вечерва, ќе се сретнат екипите на Спортинг Лисабон и Мелзунген од Германија. Годинава овој турнир имаше шест екипи, а покрај споменатите финалисти, учествуваа и екипите на Ал Ахли, репрезентацијата на Катар, Слога Добој и словенечкиот тим Слован.
Екипата на Веспрем е победник на Интерпонтес турнирот што го организира шпанската екипа Цисне. Во финалето на турнирот, Веспрем без поголеми проблеми го совлада Порто (30-26), а за МВП на турнирот беше прогласен Лука Циндриќ.
Поранешниот извршен директор на женската романска екипа Рапид Букурешт, одново е на суд. Откако во 2024 беше под обвинение за мито и злоупотреба на позицијата (наводно сакал да прикаже многу поголеми трошоци во делот исхрана и ресторански услуги), сега е под обвиниение за фалсификување на документи во 2021.
Романските медиуми пишуваат дека со лажни потписи биле доставени до благајната побарувања за бонуси за сума од околу 20.000 евра во период од мај до септември 2021.