Раул ќе решава дали Кулеш ќе игра со Е. Пелистер и Алкалоид

Foto: RK Partizan

Најголемото засилување за Партизан сезонава, белорускиот бек Владислав Кулеш и натаму не тренера со екипата, но спортскиот директор на клубот откри дека повредата не е сериозна и не е хронична и дека тој наскоро ќе биде на теренот. Според него, Кулеш може да игра и сигурно ќе биде дел од тимот на мечот со Берлин кој е првиот за Партизан во Лигата на шампионите. Но, дали ќе биде дел од тимот што следната недела ќе дојде во Македонија за првите два меча од Регионалната лига, против Еурофарм Пелистер на 23 август и три дена подоцна против Алкалоид, не се знае.

„За ЛШ ќе биде спремен. За првото коло од Регионалната лига во Битола, не знам. Дали ќе биде во тимот или не е одлука што ќе ја донесе тренерот Раул. Тој треба накратко да се врати во Белорусија за да извади нов пасош и овие денови ќе се врати во Белград. Брзо ќе го имаме со соиграчите на теренот, изјави спортскиот директор на Партизан за српскиот медиум Моцарт Спорт.