Вести: Мелзунген го освои Добој, Кил и ГОГ заглавија на аеродром, Хориха разигран во Сегед...

Екипата на Мелзунген е победник на 57 турнир што се одржа во Добој. Во финалето на турнирот Мелзунген со 28-26 го совлада тимот на Спортинг Лисабон. За победата на турнирот, Мелзунген заработи парична награда од 10.000 евра.

Димитро Хориха постигна шест гола во првата победа на ПИК Сегед во подготвителниот период. Сегед беше подобар од екипата на Севехоф од Шведска (38-34). Шилаги постигна 10 гола, а Хориха и Магнус Род по шест. МВП на мечот, беше голманот Никола Портнер.

Откако го официјализираше трансферот во Берлин, Дика Мем се откажа од капитенската лента во Барса. Нов капитен на европскиот шампион е Тимоти Н’гесан, а квартетот капитени ќе го сочинуваат и Луиш Фраде, Блаж Јанц и Лудовик Фабрегас.

Во финалето на турнирот Премиум Куп што денеска од 16:30 часот ќе се игра во Нордхорн, Германија, ќе се сретнат ланските финалисти на Лигата на шампионите, Фуксе Берлин и Барса.

Планираниот спектакл на Фарски острови, каде што ќе се одржи турнир на кој ќе учествуваат Кил, ГОГ Валур Рејкјавик и домашниот Х-71 за малку ќе станеше фијаско.
Поради густа магла, аеродромот во Ф. Острови беше комплетно парализиран и екипите не можеа да пристигнат навреме. Валур принудно слета во Норвешка, а Кил и ГОГ останаа да чекаат цел ден додека се крене маглата. Но, одложувањето го промени целиот распоред и ќе се играат помалку натпревари.