Алкалоид и на вториот меч подобар од Египет

РК Алкалоид и репрезентацијата на Египет одиграа два контролни натпревари во Автокоманда во подготвителниот период пред стартот на новата сезона.
На двата натпревари победи македонскиот клуб. На првиот меч беше 33-31, а на вториот натпревар Алкалоид победи со резултат 31-29 (19-15). Двата натпревари беа од затворен карактер, а Алкалоид ќе одигра уште еден контролен меч пред првиот дуел што ќе има официјален карактер, односно ќе се бодува за Регионалната лига, против Партизан во Автокоманда на 26 август.