МЛАДИТЕ РАКОМЕТАРКИ НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ НАСТАПАТ НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ

Ракометната федерација на Македонија ќе има свој претставник на претстојните Медитерански игри, кои ќе се одржат во Италија во периодот од 20 август до 3 септември.

Македонија ќе настапи со женска младинска селекција, составена од комбинација на младинки и кадетки, односно ракометарки од генерациите У18 и У20.
Поради краткиот временски период за формирање на составот, селекцијата беше комплетирана во најбрз можен рок, со репрезентативки кои во овој период беа на располагање и слободни од клупските обврски.
Настапот на Медитеранските игри ќе претставува дополнителна можност за нашите млади ракометарки да стекнат драгоцено меѓународно искуство, да се натпреваруваат со селекции од други земји и да го продолжат својот репрезентативен развој.
Им посакуваме успешен настап и достојно претставување на Македонија на Медитеранските игри во Италија!