Вардар со победа ја почна Регионалната лига

Фото: Денис Дуковски/РК Вардар

Со натпреварот меѓу Вардар 1961 и Војводина, одигран денеска, официјално стартуваше новата Регионална лига во која во првата сезона ќе се натпреваруваат екипи од Македонија, Црна Гора и Србија.
Вардар и Војводина се дел од групата во која се уште и екипите на Охрид, Будва и Динамо Панчево.
Во дгругата група се екипите на Алкалоид, Еурофарм Пелистер, Партизан, Дубочица и Нексе.

Вардар 1961 со победа од 36-30 (21-15) ја почна новата сезона. Првиот предизвик не беше посебно тежок, а победникот беше решен по првите 30 минути во кои црвено-црните имаа предност од пет гола.
Леон Љевар и Жоао Педро со по шест гола беа најефикасните играчи на Вардар, а по пет гола постигнаа Гоце Георгиевски, Јака Малус и Матео Фадуил.