Денеска стартува летниот турнир во Охрид

Фото: ГРК Охрид

Денеска стартува петтото издание на летниот турнир во Охрид, турнир со меморијален карактер во чест на Крсте Андоновски. Овој турнир го следи во чекор растот на ГРК Охрид и за кратко време стана најдобриот летен турнир во Македонија и еден од најдобрите на Балканот.

И оваа година Охрид одлучи на турнирот да има осум учесници, што значи дека дневно по три натпревари ќе се играат во Билјанини извори. Чекор напред е што годинава ќе биде и директно пренесуван на ТВ Арена Спорт Македонија, почнувајќи од денеска (16:30) со директен пренос од натпреварот меѓу Вардар и Олимпијакос и следено со Охрид – Египет У20 (18:45) на Арена М2 Премиум.

Премиерата е денеска со дуелот меѓу Вардар и Олимпијакос. Вардар веќе имавме можност да го видиме, се покажа во одлично издание досега, а новите ракометари полека си ја наоѓаат својата улога на теренот и засега впечаток е дека е посилен од ланската сезона.
Олимпијакос и лани можевме да го видиме во Охрид, во 1/4 финалето од ЕХФ Куп. Сезонава има изменет тим во кој меѓудругите се и двајцата поранешни вардарови ракометари Анте Кудуз и Матија Николиќ и поранешниот голман на Е. Пелистер, Карим Хендави.

Вториот меч на турнирот е дуелот меѓу Охрид и Египет У20. Ваков тим на Египет гледавме во 2019 на мундијалот во Скопје каде што освоија златен медал и од таа генерација лансираа двајца врвни играчи – Хасан Кадах и Ахмед Хешам. Оваа репрезентација одигра меч со Мулти Есенс во подготовките, а нивние играчи собраа комплименти за потенцијалот што го имаат и ќе биде интересно да ги видиме како ќе играат против една од топ четирите екипи во Македонија.

Првиот ден ќе биде заокружен од дуелот меѓу Загреб и Војводина.
Сите натпревари на турнирот можат во живо да се следат со блок билет што чини 800 денари или 100 денари билет по натпревар, а можат да се набават на билетарата во салата „Билјанини извори“.

ТУРНИР КРСТЕ АНДОНОВСКИ ОХРИД 2026

Група А
ГРК Охрид, Загреб, Египет У20, Војводина

Група Б
Вардар 1961, Нексе, Олимпијакос, Тримо Требње

18 АВГУСТ

16:30 Вардар 1961 – Олимпијакос
18:45 ГРК Охрид – Египет У20
21:00 Војводина – Загреб

19 АВГУСТ

16:30 Загреб – Египет У20
18:45 ГРК Охрид – Војводина
21:00 Нексе – Требње

20 АВГУСТ

16:30 Војводина – Египет У20
18:45 Оллимпијакос – Требње
21:00 Вардар 1961 - Нексе

21 АВГУСТ

16:30 Нексе – Олимпијакос
18:45 Вардар 1961 – Требње
21:00 ГрК Охрид – Загреб

САБОТА – ФИНАЛЕН ДЕН