Вести: Повреда на Мартим Кошта во Добој, Келн не е трајна опција за Гумерзбах, Барса покажа сила...

Португалскиот бек Мартим Кошта се повреди на финалето на турнирот во Добој што неговиот Спортинг го играше против германскиот Мелсунген. Мартим беше на раце изнесен од теренот и не се врати во игра. Засега нема информација од Лисабон за каква повреда станува збор.

Германскиот хит Гумерзбах не размислува за трајна преселба во Ланксес Арена во Келн, без разлика на неговата зголемена популарност и податокот дека веќе продале 10.000 билети за декемврискиот дуел со Фуксе Берлин.
„Клубот му припаѓа на градот Гумерзбах и само неколку од натпреварите ќе се играат во Ланксес Арената во Келн“ подвлекоа од клубот.
Според клубот, трајно играње во Келн не значи и сигурно зголемена финасиска добивка, затоа што и трошоците за играње во големата арена се повисоки.

Со само четири дена тренинг, Барса го совлада Берлин и испрати порака за сите екипи во претстојната сезона. Мечот се играше во рамки на финалето на турнирот што го организираше екипата на Нордхорн од Германија. Конечниот резултат е 39-35 (24-17), а Барса беше импресивна на овој меч и во еден момент водеше со 21-12,

Португалскиот плејмејкер Мигел Мартинш и Динамо Букурешт се договорија за подолжување на договорот за уште една сезона. Договорот е пресврт во преговорите затоа што беше речиси сигурно дека тој ќе замине од Романија летово.