Охрид и Загреб денеска по прво место во групата

Фото: ГРК Охрид

Вардар го победи Олимпијакос (39-27), ГРК Охрид беше подобар од Египет У20 (31-27), а Загреб ја совлада Војводија (24-21) на првиот натпреварувачки ден од петтото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ што се одржува во Охрид.
Денеска се играат три натпревари, а би можеле да ги добиеме и финалистите во групата „А“, доколку екипите на Охрид и Загреб победат на дуелите со Војводина и Египет У20.

Загреб се среќава со јуниорската репрезентација на Египет на меч што ќе почне во 16:30 часот, а во терминот од 18:45, екипата на ГРК Охрид ќе игра натпревар со српскиот вицепрвак Војводина.

Овие два натпревари ќе бидат директно пренесувани на ТВ Арена М2 Премиум, а пренос е најавен и на ТВ Арена 4 Премиум.

Третиот натпревар е дуелот меѓу екипите на Нексе и Тримо Требње што ќе се игра во почеток од 21:00 часот, а ќе биде пренесуван на ТВ Арена Спорт 5.





ТУРНИР ОХРИД 2026:

19 АВГУСТ
16:30 Загреб – Египет У20
18:45 ГРК Охрид – Војводина
21:00 Нексе – Требње