Женската репрезентација на Македонија на претстојните Медитерански игри (МИ) што ќе се одржат во Италија ќе отапува со 14 ракометарки предводени од селекторот Даниела Новеска Вељаноска.
МИ ќе почнат на 21 август и ќе се играат до 3 септември во италијанскиот град Таранто. Македонија ќе игра против репрезентациите на Грција, Тунис, Алжир, Италија и Косово.
Даниела Новеска Вељаноска не можеше да го собере најдобриот тим. МИ се во термин кога екипите се во завршна фаза на подготовки и го чекаат стартот на Суперлигата и не се достапни сите играчи за овој настан. Екипата на Вардар доминира во репрезентацијата со по еден играч од Ѓ. Петров и Чаир.