ОХРИД 2026: Вардар и Тримо по меч за финале

Фото: Денис Дуковски / Меѓународен турнир „Крсте Андоновски“ - Охрид 2026

Од групата „А“ на турнирот во Охирд, екипите на ГРК Охрид и Загреб закажаа меч за влез во финале. Денеска таква шанса ќе имаат и екипите на Вардар 1961 и Тримо Требње од групата „Б“.

По убедливата победа над Олимпијакос, екипата на Вардар 1961, денеска ќе игра против Нексе меч за втора победа на турнирот, а истото ќе го прави и екипата на Тримо Требње која вчера беше подобра од хрватскиот вицепрвак. Словенците попладнево ќе играат против Олимпијакос.

Третиот денешен натпревар е меч од групата „А“ меѓу Војводина и Египет У20. Победникот од овој натпревар ќе игра за петтото место на турнирот, а поразениот за седмото со соодветниот противник од групата „Б“.

Денеска на охрискиот турнир со почеток од 16:30 е закажан натпреварот меѓу екипите на Војводина и Египет У20.
Во терминот од 18:45 ќе се сретнат екипите на Олимпијакос и Требње, а Вардар против Нексе ќе игра во терминот од 21:00 часот.

20 АВГУСТ
16:30 Војводина – Египет У20 – ТВ Арена М2 Премиум
18:45 Олимпијакос – Требње - ТВ Арена М2 Премиум
21:00 Вардар 1961 – Нексе - ТВ Арена М2 Премиум