Тибо Брие потпиша за Магдебург

Photo: IHF/International Handball Federation

Германскиот шампион Магдебург се договори со францускиот репрезентативец Тибо Брие за тригодишна соработка откако ќе заврши неговиот договор со екипата на Нант. Клубот официјално ја потврди веста што пред повеќе од два месеца беше актуелна како шпекулација.
Но, договорот на Тибо Брие со Нант истекува во јуни 2028 година, па фановите на Магдебург ќе се изначекаат додека го видат во дрес на Магдебург новото засилување.
Овој 205 сантиметри висок бек, има 26 години и во екипата на Нант игра од 2019 година. Нант е противник на Вардар во Лигата на шампионите, во септември ќе го видиме во Скопје, но нема да го видиме и Тибо Брие кој е повреден и ќе паузира најмалку до крајот на септември.